Куќа на два спрата испечатена со 3Д печатач/ВИДЕО

73

Најголемиот 3D печатач во Европа штотуку испечати комплетна куќа на два спрата. Тоа е проект на белгиската компанија за одржлива градба Kamp C.

Ова е најголемата куќа отпечатена во еден дел, во историјата на човештвото.

Печатачот, со големина од 10 на 10 метри работи исто како и обичните помали печатачи, освен што користи специјална мешавина од бетон за печатење слој по слој. Овој процес има неколку клучни предности во однос на конвенционалната конструкција: тој е побрз, се користи помалку материјал и трошоците за изградба се значително пониски.