Поранешната руска тенисерка Ана Курникова ужива во семејниот живот и изгледа поубаво од кога било. Курникова има 37 години, а заедно со сопругот, славниот пејач Енрике Иглесијас, има куќа на приватен остров во Мајами, која е во вредност околу 20 милиони долари.
Очигледно е дека сексапилната тенисерка покрај тоа што се грижи за близнаците Николас и Луси, која ги роди во декември 2017 година, одлично ја одржува и својата форма за што најдобро говорат нејзините последни фотографии на социјалните мрежи.
Ана ја заврши својата кариера уште во 2007 година, на само 26 години, а најдобар пласман во белиот спорт и е полуфиналето на грен-слем турнирот – Вимблдон. Покрај тоа, со својот изглед успеа маркетиншки да се експонира до максимум. Затоа и не чуди тоа што се појави на насловните страници во многу магазини како од мајка родена.