Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги залуди Американците со своите одлични партии од почетокот на новата сезона во НБА-лигата. Тој продолжува да доминира во дресот на Далас, а на мечот против Бостон постигна 34 поени, но неговиот тим загуби со 116:106.

Младиот репрезентативец на Словенија секојдневно добива пофалби од навивачите, стручњаците и кошаркарите, но и телевизиските коментатори не останаа имуни на неговата игра.

  • Дончиќ доаѓа од Словенија, мораме да го вратиме назад. Обезбедете му авионска карта, се пошегува еден од коментаторите кои го пренесуваа натпреварот во живо.

Што се однесува до останатите нетпревари, одличен натпревар одиграа кошаркарите на Хјустон кои славеа со 102:93 над ЛА Клиперс. Но, натпреварот ќе остане во сенка поради една сцена која нема врска со кошарката.

Имено, тренерот на Клиперси, Док Риверс, во еден момент од натпреварот тргна за да се пресмета со еден од судиите, а неговиот син Остин, кој ги брани боите на Хјустон, побара да му досудат техничка грешка. Не само што се случи тоа, туку Риверс беше исклучен од натпреварот, а Остин уживаше, што беше на општо задоволство кај публиката. Инаку, Док и Остин отсекогаш немале вообичаен однос како татко и син, кошарката ги спојуваше и разделуваше и претходно кога Риверс сениор често пати беше надвор од дома поради работните обврски.