Кунашир, остров на кој мечките менуваат боја

111
Foto: siberiatimes.com

Една од десет кафени мечки на рускиот остров Кунашир има бело и сребрено крзно, забележале научниците. Некои единки на овој вулкански остров во Курилскиот архипелаг во областа Сахалин имаат само посветла глава, додека промената на бојата на другите е присутна по целото тело.

Според истражувањата бројот на тие мечки расте од ден на ден, а причината за генетската мутација се уште е голема мистерија. Кунашир е премногу оддалечен од арктичкиот круг на кој се населени поларните мечки, за тоа да влијае на оваа појава.

Некои научници веруваат дека мутацијата се должи на парењето на единки во блиско сродство. Кунашир е многу изолиран остров. Зафаќа површина од околу 1.490 квадратни километри и во моментов има вкупно 160 мечки.

Албино единките се ретки во животинскиот свет, мечките со недостаток на меланин во Кунашир не се загрозени од други животни, затоа што тие се најголемите предатори. Токму затоа тие имаат слобода да растат, репродуцираат и живеат на островот. Научниците забележале дека белите мечки на Кунашир не се толку агресивни како нивните руски „роднини“.