Екипата на Куманово го претрпе првиот пораз од Академик Пловдив со 87:70, на првиот натпревар од втората фаза во БИБЛ лигата. Македонскиот претставник одигра лошо во најголемиот дел од натпреварот особено во првото полувреме, каде противникот беше доминантен и на крајот дојде до посакуваните бодови.

Ѓекиќ со 16 поени беше најпрецизен кај кумановици, додека во победничкиот состав најмногу се истакна Бачев со 24 коша.

Во следното коло Куманово пак е домаќин сега на Хапоел Холон од Израел.