Кумановец не ги почитувал здравствените прописи за вирусот COVID-19

49

Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од Јавното обвинителство.

Обвинетиот на 18 март, според соопштението на Обвинителството, допатувал од Србија – земја со средно ниво на ризик.

На граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи и потпишал изјава, постапил спротивно на одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на мерки за сузбивање и спречување на ширење на корона ворусот-COVID 19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегол од своето престојувалиште и се упатил во непознат правец. На 25 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, не бил пронајден во престојувалиштето со што го сторил кривичното дело што му се става на товар, велат од обвинителство.

Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.

Извор:МИА