Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем не планира да го откупи договорот на шведскиот интернационалец Дејан Кулушевски, кој настапува како позајмен играч, а е во сопственост на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Популарните „петли“ не сакаат да одвојат 40 мил. евра за неговиот договор, а италијанските медиуми открија и дека понуда за негова нова позајмица подготвуваат челниците на Лацио.