Култните Електрични оргазам сепак во Скопје – концерт со нов термин 24 јуни, Стадион на АРМ

116

Концертот на култниот српски рок бенд Електрични оргазам, што претходно требаше да се одржи во март во Скопје, е презакажан за 26 јуни оваа година, со нова локација на одржување, односно на отворено, на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори.

Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни, соопштија од Авалон Продукција.