Култниот холивудски режисер во 57. година стана татко за прв пат, доби син

1965

Педесет и шест годишниот режисер и неговата сопруга станаа родители за прв пат.
„Даниела и Квентин Тарантино со радост ја споделија веста за раѓањето на нивното прво дете. Нивниот син се роди на 22 февруари, претставник за јавноста изјавил за ТМЗ.

Името на детето уште не е објавено во јавноста.

Режисерот на „Евтини приказни“ тајно се венча со Даниела во Лос Анџелес во 2018 година на интимна церемонија, осумнаесет месеци по свршувачката, а на нивната свадба присуствуваа некои од најголемите имиња во Холивуд, меѓу кои и Ума Турман, Брус Вилис, Семјуел Л. Џексон и Дајан Кругер.

Двојката објави дека го очекува своето прво дете во август, кога претставник за јавноста извести за Пипл: „Даниела и Квентин Тарантино се многу возбудени да објават дека очекуваат бебе“.

Квентин и Даниела (35) се запознаа во 2009 година кога познатиот режисер го промовираше филмот „Неславни копилиња“.

Таа година Квентин ја даде славната изјава дека сопруга или дете би можеле да му застанат на патот на неговото филмско творење, и за магазинот Џи Кју изјави дека сака да се фокусира на кариерата: ‘ Станува збор за следново. Кога снимам филм, не правам ништо друго. Сѐ е поврзано со филмот. Немам сопруга. Немам дете. Ништо не може да ми пречи. Целиот свет нека оди по ѓаволите и нека изгори во пламен. Не ми е гајле. Ова е мојата сопруга. Тоа е Монт Еверест. Ако се качувате на Монт Еверест, не се занимавате со ништо друго’.

Извор: Metro.co.uk