Музичката книжарница Rockmark ја објави новата биографија на групата Квин – „Мањифико! Се за групата Квин“, од познатиот музички новинар и писател, Марк Блејк. На 450 странци илустрирани со мноштво фотографии, Блејк го претставува во ново светло славниот британски рок бенд.

Марк Блејк е автор и на првата биографија за групата Квин со наслов „Фреди Меркјури – живот, смрт и наследство“, како и познатата биографија за Пинк Флојд – „Кога свињите ќе полетаат“.

Во новата биографија, Блејк по азбучен ред ги води читателите низ најинтересните и најзначајните поими врзани за групата Квин – од членовите и албумите, песните и пастапите, па се до важните настани и личности.

Духовитите, исцршни и интересни текстови откриваат и малку познати факти кои ќе ги изненадат и најголемите фанови на групата.

Низ 132 прикани, анегдоти и белешки собирани низ годините како и од интевјуата со Брајан Маер и со Роџер Тејлор, биографијата „Мањифико! Се за групата Квин“ се фрла ново светло на култната група и на нивната успешна музичка приказна, порачуваат од издавачката куќа.