Кулибали наследник на Силва

101

Најдоброто од француската Лига 1, тимот на ПСЖ, е на добар пат да излезе како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалскиот интернационалец не е задоволен од однесувањето на контроверзниот сопственик на „азурите“, Аурелио де Лаурентис и затоа сака да ја промени средината на крајот од актуелната сезона. Од неговата продажба, челниците на Наполи, очекуваат заработка не помала од 100 мил. евра.