Кулибали вреди 200 мил. евра

65

Раководните лица на Наполи испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на централниот дефанзивец, Калиду Кулибали.

Поголемиот дел фудбалските медиуми ја пренесоа информацијата дека актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, сака да ги осигура услугите на сенегалскиот интернационалец кој е дефиниран како идеална замена за Џорџо Киелини. Сепак, големата желба на „старата дама“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Кулибали не биде помала од 200 мил. евра.