Кулеба: Земјите од Г7 да одговорат на новите ракетни напади врз Украина

79
 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека земјите од Г7 мора да одговорат на новите ракетни напади врз Украина, со воведување дополнителни санкции кон Русија и обезбедување повеќе тешко оружје за таа земја.
„Ова седумгодишно дете од Украина мирно спиеше во Киев додека руската крстосувачка ракета не ја разнесе нејзината куќа. Многу луѓе низ Украина се на удар. Самитот на Г7 мора да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе тешко оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер, каде што објави и фотографија.