Кулата-прочистувач го исчисти воздухот во Пекинг/ВИДЕО
Кулата за прочистување на воздухот во Пекинг е успешно тестирана и според првичните мерења, воздухот во околината на кулата-прочистувач бил почист за 55 отсто од вообичаено. Капацитетот на чистење е 30 илјади кубни метри на час со помош на патентиран слободен озон, јонска технологија и мала количина на зелена електрична енергија. Кулата работи на принципот што ги вшмукува штетните ПМ честички од воздухот, а испушта чист воздух. За првпат оваа кула била тестирана во холандскиот град Ротердам. Тамошните резултати ги охрабрија кинеските власти да ја постават и во Пекинг.