Кошаркарот на Црвена звезда, Огнен Кузмиќ, е успешно опериран, потврдија од српскиот кошаркарски шампион. Хируршкиот зафат на горната и долната вилица бил успешен, по што 29-годишниот центар многу веројатно ќе може слободно да дише.

  • КК Црвена звезда ве известува дека операцијата на која беше подложен нашиот кошаркар е успешна. Со истата се отстранети тешките фацијални повреди со кои Огнен се здоби по незгодната сообраќајна несреќа пред три дена. Операцијата беше неопходна, неговото лице се врати во нормална анатомска позиција, со што е овозможено повторно нормално да дише, пишува во соопштението на белградскиот клуб.

Моменталната здравствена состојба на Кузмиќ е стабилна, но сè уште е во индуцирана кома и е под будно око на лекарскиот тим.