Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, има нов клуб откако потпиша на година и половина со Вецлар. Тој се раздели со Хановер шест месеци пред истекот на договорот, па ќе заигра во тимот каде што во стручниот штаб работи Филип Миркуловски.

Македонскиот бек нагласи дека е среќен за новиот предизвик, како и дека ќе направи сè за да му помогне на Вецлар да опстане во лигата.

-Бев одушевен кога слушнав за интересот од Вецлар за мене. Имаме тешка задача пред нас во битката за опстанок во Бундеслигата. Ќе направам сè што можам да му помогнам на тимот да почне да победува и да ги исполни зацтаните цели, рече Кузмановски.

Кузмановски ја задолжи опремата со бројот пет, со која ќе се претстави следниот викенд на гостувањето кај Фуксе Берлин. Вцлар е трет бундеслигашки клуб за него, откако претходно играше за Магдебург и Хановер.