Дастин Поире не успеа да го освои УФЦ појасот во лесна категорија минатиот викенд, откако Хабиб Нурмагомедов го победи со гушење во третата рунда и најави дека постои можност за пензија.

Сепак, се чини многу брзо се откажа од тоа, бидејќи на „Твитер“ изрази желба за реванш против Конор Мекгрегор. Тој се бореше против него во 2014 година, дуел на кој слеваше Ирецот. Мекгрегор се споменува и како опција за следниот противник Хабиб Нурмагомедов, ако во случај Тони Фергусон, очекуваниот следен противник, одбие да се бори.

Инаку, Мекгрегор минатата година загуби од Хабиб кога беше принуден да се предаде поради гушење од противникот, а потоа настана хаос кога Хабиб, испровоциран од навреда пред натпреварот, започна тепачка со тимот на Ирецот.

  • Мислам дека реваншот против Конор има смисла во овој момент, напиша Поире по мечот со Дагестанецот

Како и секогаш, не се чекаше премногу за повратен одговор од страна на Мекгрегор.

  • Пријателе, го нахранив подот со тебе за 90 секунди. Треба да го кажете моето име со повеќе почит. Мекгрегор не е следен, ку*вин сине. Мекгрегор е секогаш! Мекгрегор е целта на секого! Секогаш! Речи го тоа, па можам да размислувам за борба, одговори контроверзниот УФЦ борец.