Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој вчера беше сослушан во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг,  планира за утре да закаже седница на косовската Влада, која со поднесувањето на оставката самиот ја урна, јави синоќа приштинската КТВ.

Наведувајќи дека станува збор за антиуставна намера КТВ , повикувајќи се на свои извори, наведува дека таа седница, доколку биде свикана, ќе се оддржи практично една недела откако Харадинај поднесе неотповиклива оставка.

Телевизијата потсетува дека косовскиот Устав за ова прашање е јасен и дека еден од неговите членови кажува дека со оставката на премиерот паѓа и целата влада.

„Доколку премиерот поднесе оставка или од други причини, неговата/ нејзината положба останува испарзнета, владата паѓа о претседателот на Република Косово, во консултации со политичките партии или коалицијата која осовила мнозинство во Собранието, наоѓаат нов кандидат за  формирање влада“, го цитира КТВ членот 95 од косовскиот Устав.