Крцоски: Општина Дебрца има предуслови да биде успешна приказна

32

Општината Дебрца ги има сите предуслови да биде успешна приказна. Културно-историското наследство, природните потенцијали, плодната земја, вредниот народ, добра позиционираност, близината до градот, близината до аеродромот- врз тоа се темели нашата стратегија, порача Игор Крцоски-Манце, кандидатот за градоначалник на Коалицијата предводена од СДСМ

На својот официјален профил на социјалните мрежи Крцоски порачува дека на граѓаните на општината треба да им бидат понудени истите удобства што би ги имале во градот, зачинети со уникатните природните убавини кои само Дебрца може да ги понуди, за да се спречи миграцијата село – град.

Почнувајќи од подобрување на условите за децата, можностите за младите, функционалноста за возрасните и сигурноста и безбедноста за најстарото население, ќе ја придвижиме Дебрца кон посакуваната цел. Општината ќе се развива рамномерно и праведно во сите села, и помалите и поголемите, со ставен акцент на проектите кои ги засегаат најголем број од граѓаните, но секогаш со мисла за добросостојба на целокупното население. Особено лично ќе се залагам за беспрекорно чиста еколошка средина, заштита на животната средина, современи методи на производство и енергетска ефикасност, вели Крцоски.

Тој верува во концептот на транспаретност, отчетност и соработка и уверен е оти заедно со граѓаните и нивната поддршка ќе успее во реализација на заедничката цел – инклузивна заедница и општина со која секој ќе се гордее.