Уживајте во сезоната на сливи и овој вкусен колач.

Потребни состојки за подготовка:

300 гр меко брашно

200 гр путер

100 гр шеќер во прав

2 јајца

1 кесичка ванилин шеќер

рендана кора од лимон

2 лажички прашок за пециво

За прелив:

1 кг сливи (исчисетни од семки)

100 гр пишкоти

2-3 лажици џем од сливи

50 гр мелени бисквити

180 гр слатка павлака

30 гр шеќер

2 јајца

ванилин шеќер

За посипување:

100 гр мелени ореви

150 гр путер

100 гр меко брашно

130 гр шеќер

половина лажица цимет

2 лажички ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте го брашното, прашокот за пециво, шеќерот, путерот, ванилате, јајцата, ренданата кора од лимон и замесете мазно тесто. Направете топка, завиткајте ја во пластична фолија и ставете ја фрижидер околу 30 минути.

Пренесете го тестото во калап обложен со хартија за печење, добро стиснете го тестото по дното и направете мал обрач од тестото по ивицата на калапот. Тенко премачкајте го тестото со џем од сливи и посипете од кексот и пишкотите кои претходно ги сомелевте.

Преполовете ги сливите и распоредете ги по тестото во круг. Во сад сипете ја слатката павлака, додадете шеќер, јајца и ванила и со миксер изматете крем и истурете го врз сливите.

Мелените ореви помешајте ги со брашното, шеќерот, симетот и ванилата, па со раце направете крупни парчиња тесто, кои ќе ги распоредите преку сливите. Печете го колачот на 180 степени околу еден час. На крајот врз тестото ставете шеќер во прав. Оладете го колачот и можете да го сервирате со шлаг.

Уживајте!