Крушево ќе стане уште поатрактивно за параглајдинг

34

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски информираше дека е започнато параглајдинг првенството со околу 70 учесници – Европски куп и дека планира Крушево да стане уште поатрактивна дестинација за параглајдинг.

-Сезоната за параглајдинг и активен туризам трае сè уште и успеавме, со нашите инвестиции, сезоната во Крушево да трае повеќе од 2 месеци – истакна Христоски.

Тој најави дека во наредниот мандат планира  изградба на пристапна област за параглајдинг центарот со паркинг со потпорен ѕид, интерна сообраќајница, како и поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување на просторот, изградба и опремување на спортско-рекреативен објект во форма на лушпа со содржини за потребите на параглајдеристите, збогатување на туристичката понуда на центарот за посетители како и придружни содржини.

Во тек е изградбата на објект за потребите на ваквите првенства, а поставена е нова вештачка трева и полетувалиштето денес е двојно поголемо.

Се планира во наредниот мандат, реконструкција на патот од бензинската пумпа до Мечкин Камен.