Крушево е фокусирано на шест инфраструктурни зафати

121

Крушево интензивно работи на инфраструктурата во градот и во населените места. Денеска претставници од Министерство за транспорт и врски, од Крушево и од Јавното-комунално претпријатие „Комуна” извршија увед во работата на изведувачот и надзорот за проектот за доградба на цевковод во крушевското село Саждево. Со ова, како што велат од крушевската локална самоуправа, започна реализацијата на уште еден проект заедно со изградба на фекална канализација, прва фаза во селото Норово и асфалтирање на патот до селото Саждево чиј почеток беше означен минатата недела.

Целосната сума за овој проект изнесува 2.653.498 денари, а целосната вредност на проектите кои се во тек е близу 900.000 евра.

Во моментов се реализираат пет проекти на територијата на Крушево, и тоа: изградбата на вечното почивалиште на Тоше Проески, асфалтирање на патот кон Крушевско езеро, изградба на канализација во прва фаза во селото Норово, асфалтирање на 2,5 километри пат до селото Саждево, изградба на цевковод во ова село како и асфалтирање на патот од селата Борино до Житоше во Општина Долнени.