Крстовден ќе се празнува со најомилените македонски пејачи и црковно гравче – Настан што не смее да се пропушти

523

Се ближи големиот верски празник Крстовден, кој е во вторник, 27 септември. Овој празник е познат меѓу нашите македонски пејачи како еден од најпосакуваните верски празници, кој го празнуваат со народот и со своите колеги. Се разбира, онака како што им посакува душата, преку целодневно дружење и пеење.

Така, традиционално, ќе биде и оваа година. Од 10 часот во Кадрифаково, најпрво со црковна литургија, а потоа од 13 часот со општонародна веселба. Секој од учесниците, потоа, заедно со присутниот народ, ќе биде почестен со посен ручек, кој подразбира вкусен црковен грав, со сезонска салата и еден безалкохолен пијалак.

Со надеж дека ништо нема да ги спречи во тоа, меѓу останатите, ќе настапат популарните: Благица Павловска, Јордан Митев, Перо Христов, Вики Среброва, Марјан Коцев, Ани Малинкова, Круме Спасовски, Кате од „Соната“, Спасен Сиљановски, оркестарот „Овчеполски свадбари“ и многу други. Со нив ќе се прослави големиот македонски православен празник Крстовден. (Д.М.)