Крофните на многумина им се омилени слатки. Не се тешки за правење, но треба малку повеќе време, бидејќи тестото мора да отстои. Но, полнети со шлаг крем, се прават многу едноставно, а ужувањето во нивниот вкус е загарантирано.

Потребни состојки:

400 до 500 грама брашно

15 грама квасец

две јајца

200 мл јогурт

100 мл млеко

кора од лимон

1 лажица шеќер

5о мл масло

малку сол

масло за пржење

Прелив: 200 грама шлаг крема од ванила

Подготовка:

Растопениот квацес растворете го во млеко, додадете шеќер, јогурт, јајца, брашно, сол, кора од лимон, 50 мл масло и остатокот од брашното и заместите меко тесто.

Оставете го тестото да нарасне 15 минути, а потоа размесете го и направете кора со дебелина на 1 см. Со чаша вадете округли форми (крофни).

Покријте ги повторно да нараснат, а потоа пржете ги во загреано масло. Кога ќе се оладат филувајте ги со шлаг крема. Наросете ги со шеќер во прав. Уживајте во вкусот!