Европскиот, македонски и регионален шампион Вардар, по победата над Мешков Брест во Лигата на шампионите ја среди и Војводина во рамките на СЕХА лига, совладувајќи ја со 26:23. Но победата остана во сенак на повредата на еден од најдобрите во „црвено – црниот “ тим, десниот бек Даинис Криштопанс, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога.

Летонецот уште на стартот од натпреварот доскокна лошо, па го напушти теренот веднаш, а се чекаа резултатите од лекарските прегледи. Засега, познато е дека се работи за повреда на зглобот и дека ракометарот има голем оток.

Информацијата ја соопшти тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров. Првичните информации се дека Кристопанс нема сериозна повреда, но се ќе биде појасно во наредните два до три дена.

Летонецот се здоби со повреда на скочниот зглоб за време на натпреварот со Војводина, во СЕХА Лига, кој Вардар го доби со 26:23. Тој најверојатно нема да игра против Киелце во ЛШ, во сабота

Вардар во сабота ќе ги одмери силите со тимот на Киелце во Лигата на шампионите, а во составот би можело да биде и Бразилецот Хозе Толедо, кој досега нема настпаено за македонскиот тим поради санирање на повреда, а важи за најзвужно засилување на европскиот ракометен шампион.

Шутерот е надвор од терените од стартот на сезоната, затоа што направи операција на коленото. Се уште го чека официјалното деби во црвено-црниот дрес, а Кокшаров истакна дека неговиот кам-бек се очекува пред крајот на ноември.

-Толедо ќе го имаме пред крајот на ноември. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со него. Многу веројатно ќе го имаме за Веспрем, ама ќе ја следиме ситуацијата со лекарскиот тим, откри Кокшаров.

Натпреварот меѓу Вардар и Киелце се игра в сабота од 17:30 часот.