Крис Хипкинс е новиот премиер на Нов Зеланд

26

Лидерт на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, Крис Хипкинс положи заклетва како 41. премиер на Нов Зеланд.

Хипкинс (44) досега ја извршуваше функцијата министер за полиција и борба против коронавирусот. Тој на 22 јануари беше избран за лидер на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, откако претходната премиерка Џасинда Ардерн минатата недела поднесе оставка.

Кармел Сепулони положи заклетва како нов заменик-премиер. Таа по потекло е од Пацификот и е прва личност на таа функција.

Хипкинс, познат по прекарот Чипи, ќе ја води земјата до општите избори во октомври.

Ардерн ќе остане пратеничка до април.