Кристоферсен најдобар на велеслаломот во Алта Бадија

42

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен, триумфираше на денешната велеслаломска трка во италијанскиот ски центар Алта Бадија.

Кристоферсен беше шесто по првото возење, но извозе одлично во втората тура, па дојде до 20-тата победа на трките во Светскиот куп. Втор беше Сиприен Саразен, со 31 стотинки послабо вкупно време од победникот, но за Французинот ова е подвиг, бидејќи тој беше дури на 22 место по првото возење. Трети беше Жан Крањец од Словенија.

После оваа победа, Кристоферсен изби на првото место во генералниот пласман со 343 бодови. Зад него е специјалистот за брзинските дисциплини, Винсент Крихмаер, додека трети е Алекси Пантуро.