Кристијан Ериксен за крај

175

Шпанскиот гигант Атлетико (М) е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Офанзиониот играч за врска веќе изјави дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, но Тотенхем нема добиено понуда која ќе ги задоволи раководните лица. Според сопственикот на „петлите“, поранешниот играч ќе биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 100 мил. фунти.