EPA-EFE/Tibor Illyes

Ракометарките на Кристиансанд и трета сезона во низа се искачија на кровот на Европа, откако во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, славеа над Ференцварош со 28:24.

Искусната голманка Катрин Лунде имаше одлична партија на голот запишувајќи 17 интервенции, а на нејзиното добро издание се надоврзаа Виакрева и Наес со по шест погодоци. На спротивната страна прво име беше поранешната вардарка, Андреа Лекиќ со 5 гола.

Во мечот за бронза славеше Ѓер со минималната победа од 28:27 над Есбјерг.