Криминална група од северно Косово на „црната листа“ во САД

63

САД денеска воведоа санкции за десетици поединци и групи ширум Европа и западната хемисфера, вклучително и некои службеници од Ел Салвадор. Меѓу санкционираните на „црната листа“ на САД е и „организирана криминална група од северно Косово“.

Според американското Министерство за финансии, целта на денешната акција, со која се одбележува неделата на Самитот за демократија на претседателот Џо Бајден, е борба против корупцијата поврзана со транснационалниот криминал, во чии рамки се идентификувани 16 лица и 24 групи, пренесува „Ројтерс“.

Според американското министерство, на „црната листа“ се најдоа и контроверзниот српски бизнисмен Звонко Веселиновиќ и неговиот брат. Според соопштението, Министерството за финансии ги обвинило дека имаат договори со политичари „за да им помогнат на нивните партии да победат на изборите и да им дадат пари на нивните кандидати“.