Крадец на автомобили во Велика Британија, кој се обидел да ја избегне полицијата криејќи се во големо плишано мече, е осуден на девет месеци затвор.
Џошуа Добсон, баран за кражби и прекршоци за возење, се обидел да ја измами полицијата за време на претрес на неговата куќа во јули.
Меѓутоа, полицајците „забележале големо плишано мече како дише“ и го нашле 18-годишното момче како се крие внатре.
Добсон на 5 август е осуден на девет месеци затвор, пренесува „Телеграф.рс“.
Портпаролот на полицијата изјави дека Добсон „се бара откако украл автомобил во мај и не платил за горивото истиот ден“.
„Кога отидовме да го уапсиме, полицајците забележаа како дише големата мечка пред да го пронајдат Добсон внатре“, рече портпаролот.