Кризниот штаб во Кавадарци заседаваше поради зголемениот број на лица со Ковид-19

40
Расте бројот на лица со Ковид-19 во Кавадарци, информираше Доне Илов, член на Кризниот општински штаб, кој попладнево заседаваше по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев.
– Тој истакна дека бројот на заразени во општина Кавадарци е во постојан пораст. Во моментов согласно податоците од Општа болница и Центар за јавно здравје, во општината бројот на активни Ковид случаи е 1075, од различен сој на вирусот. Во болницата има хоспитализирано вкупно 25 пациенти, соопшти Илов.
На 16-ти по ред состанок на Штабот за заштита и спасување, биле присутни градоначалникoт, директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, началникот и комадирот на Полициска станица, претставници од Центарот за јавно здравје, Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Противпожарна единица.
Илов информираше и за заклучоците од средбата.
– Се упатува апел до граѓаните, за почитување на мерките за заштита и превенција. Се апелира за поголемо разбирање и трпеливост при чекање пред здравствените  институции. Се апелира исто така до кавадарчани, доколку почуствуваат некој од симптомите, навремено да се јавуваат кај матичните лекари, со цел да се направи навремена изолација и да се намалат последиците по нивното здравје. Полициска станица Кавадарци заедно со Противпожарната единица, да продолжат со патролна обиколка во кругот на болницата, по претходно изработен план за задржување во одредени временски периоди, соопшти Илов.