Кривопаланечките пожарникари гаснеа запалени оџаци

73

Пожарникарите вчера интервенирале на две дојави за запалени оџаци при што не е направена голема материјална штета.

– Пожарите се случија на улицата „Наско Тамбурков“, двата во приватни станбени објекти. Брзата интервенција на пожарникарите и во двата случаи го запрела мошне брзо процесот на горење и спречено е да дојде до поголема штета. Со овие пожари во февруари се случија вкупно пет на подрачјето на градот, а од почетокот на годината вкупно дванаесет – изјави Иле Коцевски, командир на Територијалната противпожарна единица на Крива Паланка.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаците.

– Според препораките, граѓаните се должни да ги чистат оџаците најмалку два пати во годината, пред почетокот и на крајот на грејната сезона, но пожелно е поради затнување на оџаците од влагата и екстремно ниските температури, да се чистат и во екот на сезоната на греење. До толку повеќе, што од палење на оџак може да дојде до огромни штети по имотот, но и да предизвикаат несакани последици – додаде Коцевски.

Во најголемиот пожар кој се случил од почетокот на годината, а настанал како последица од запален оџак, опожарена е куќа во селото Конопница, а причинета е материјална штета од над 200.000 денари.