Кривични пријави за повеќе од 500 лица кои не ги почитувале мерките за заштита

45

Јавното обвинителство досега поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на болеста Ковид-19.

Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки. Пријави се поднесени и за граѓани на Дебар, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Берово, Свети Николе, Штип, Охрид, Кичево, Струга и Кочани.

Збирната информација за поднесените пријави, објавена на веб страницата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се однесува на периодот од 17 март до 7 јули и секојдневно се ажурира.