Кривична пријава против поранешен директор на училиште за злоупотреба на службена положба и овластување

35

СВР Куманово поднесе кривична пријава против шеесет и тригодишниот С.Ш. од Романовце, кој бил  директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во тоа кумановско село, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, пријавениот во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат и допуштил таа да извршува воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.

– На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување, информира Министерството за внатрешни работи.