Дома МАКЕДОНИЈА Кривична пријава против две фирми и нивниот управител од Велес за даночно...

Кривична пријава против две фирми и нивниот управител од Велес за даночно затајување од 6,7 милиони денари

116

Првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, наведуваат од Финансиската полиција.

Со претходнонаведените дејствија, се посочува, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.