Крем-супа од морков

228

Помалку од ручек, а повеќе од обично предјадење. Зеленчуковата супа е секогаш добредојдена по студен ден поминат надвор. А оваа крем чорбата од морков е вистински десерт за оние што сакаат да се заблажат, додека јадат, практично, солен оброк.

За оние што сакаат малку попикантни вкусови, може да пробаат да стават малку чили, ќе се изненадат од вкусот.

Потребно е:

  • 1/4 чаша путер, исечкан на коцки
  • 21/2 чаши исечкани моркови
  • 1 голем компир, излупен и исечкани на коцки
  • 1 чаша исечкан кромид
  • 1 стебленце целер
  • 3 чаши пилешки бујон
  • 1 лажиче мелен ѓумбир
  • 1/2 чаша крем за готвење
  • 1 лажиче кари во прав
  • 1/2 лажиче сол

Приготвување:

Загрејте го путерот на умерена температура во огноотпорен сад; додадете ги морковите, компирот, кромидот, целерот, бујонот и ѓумбирот. Покријте го огноотпорниот сад и гответе, со повремено мешање, додека да омекнат зеленчуците, околу половина час. Откријте го капакот, и гответе уште петнаесет минути.

Супата, постепено, пресипувајте ја во блендер, блендирајте додека да добиете мазна креместа содржина.

Вратете ја супата во огноотпорниот сад, измешајте ја павлаката за готвење. Додадете ги ѓумбирот, солта и црн пипер по желба. Гответе на тивок оган додека испасираната содржина да се загрее повторно, најмногу десет минути.