Кремљ: Не се донесени никакви одлуки за затворање на руските граници

124

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека не се донесени одлуки за затворање на границите на Руската Федерација.

„Не знам ништо за тоа. Во овој момент не се донесени никакви одлуки во врска со тоа“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесе Интерфакс.