Кремаст кокос колач: Десерт кој мириса на лето

283
Фото: Youtube Letina Kuhinja

Ако барате совршен колач, овој дефинитивно ќе ви биде фаворит. Едноставен и кремаст десерт, кој ако добро го разладите ќе ве освежи во топлите денови, а воедно и добро ќе ве заслади.

Состојки: 

(за тесто)

  • 6 белки
  • 120 гр шеќер
  • неколку капки арома ванила ( или едно кесиче)
  • мала лажичка јаболков оцет
  • 70гр. кокос
  • 4 лажици брашно
  • едно пециво
  • 150гр. ореви

За крем

  • 600 мл млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 6 жолчки
  • 6 лажици брашно
  • 250 гр. путер
  • шлаг пена за декорација

Прво го подготвуваме тестото на стандарден начин. Ги матиме белките, па го додаваме шеќерот, оцетот, на крај кокосот, брашното и пецивото. Тестото го ставаме во тава, што сме ја подмачкале со путер. Одозгора се посипува со сецкани ореви

Се става да се пече во загреана рерна и се пече на 180 степени, додека зарумени.

Го подготвуваме кремот со тоа што во дел од млекото го раствораме брашното и ги додаваме изматените жолчки, а за тоа време на оган ни зоврива остатокот од млекото со шеќерот.

Ја додаваме смесата во зовриеното млеко и го вариме кремот додека ја добие потребната густина. Млакиот крем го додаваме лажица по лажица во добро изматениот путер.

Го нанесуваме готовиот крем на кората, а врз него ставаме шлаг. Најгоре се става малку кокос. Разладете го добро, а потоа колачот насецкајте го на коцки.

Уживајте во вкусот!