Крв даруваа 47 вработени од ЈСП

44

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) денеска беше домаќин на крводарителска акција која се организираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст.

Како што информираат од ЈСП, традиционално, акцијата се реализирала во автобазите во Автокоманда и Ѓорче Петров, а крв дарувале 47 вработени од претпријатието.

-Денешната крводарителска акција беше прва од четирите планирани да се одржат во текот на 2022 година на која домаќин ќе биде ЈСП, кое над 50 години е дел од овие хуманитарни активности – нагласија од претпријатието.