Крводарителски акции во средните училишта во Кавадарци

102

Започнаа крводарителски акции во средните училишта во Кавадарци.

Како што информираше Розе Илова, секретар на Општинската организација на Црвен крст, денеска крв даруваа ученици со наполнети 18 години од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов”, а утре хуманоста ќе ја покажат нивните врсници од електро машинското училиште „Киро Спанџов-Брко”.

Третата крводарителска акција ќе биде подоцна во земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров”.

-Крв ќе можат да даруваат и ученици со полни 17,5 години, доколку имаат согласност од родител или старател. Кавадаречките средношколци се отсекогаш хумани, како впрочем и сите кавадарчани и росоманци. Нашата општинска организација е на врвот по хуманоста во државата, нагласи Илова.

Таа додаде дека секоја година го натфрлаат годишниот план за крводарувања