Крводарителска акција во Американската амбасада

88

По повод Американскиот национален ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година, се организираше крводарителскаа акција во Американската амбасада.

На оваа акција се приклучија градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин заедно со тим од Општината Аеродром.

Општина Аеродром на чело со градоначалникот Марин редовно ги поддржува крводарителските акции, со кои се спасуваат  животи, но и се праќа порака за хуманост.