КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА: Напаѓач убил патници во воз, ги бодел со нож

753

Нападот врз патниците се случил во патнички воз кој сообраќал меѓу Кил и Хамбург. Според германските медиуми, непознат напаѓач со нож ги нападнал патниците, при што неколку лица биле убиени.

Две лица загинаа, а пет се повредени во напад со нож на железничката станица во Цуг, Германија.

Германската полиција соопшти дека мажот нападнал неколку патници со нож пред возот, кој патувал од Кил за Хамбург, да пристигне на железничката станица Брокштет.

Германската полиција соопшти дека мажот нападнал неколку патници со нож пред возот, кој патувал од Кил за Хамбург, да пристигне на железничката станица Брокштет.

Портпаролот на полицијата во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн потврди дека имало напад со нож и дека има жртви, но не даде прецизни информации за нивниот број.

Полицајците кратко потоа уапсија маж за кој веруваат дека е напаѓачот.

Позадината на инцидентот сѐ уште не е разјаснета.

Поради полициски мерки станицата е затворена, а како што пренесуваат германските медиуми, откажани се и некои возови.