Кошаркарската с езона во Грција не го дочека својот крај, откако беше донесена одлука на состанокот меѓу Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи кој се одржа со видео-конференциска врска. Заедничкиот заклучок што притоа произлезе е дека нема услови за враќање на кошарката, па затоа е донесено конечно решение за завршување на шампионатот. Она што е сè уште нејасно е дали ќе биде прогласен првак и дали ќе има испаѓање од лигата.

Лидер на табелата во моментот, по 20 одиграни натпревари, е Панатинаикос со скор од 18 победи и два пораза, а во зоната на испаѓање се ПАОК со биланс од пет победи и 15 порази и Арис со 6-14.

Досега, крај на кошаркарската сезона досега прогласија и Украина, Литванија, Хрватска, Белгија, Словенија и други земји, како и регионалната ВТБ лига.