Крај на кариерата на суровиот водач на мексикански нарко картел: Ел Маро осуден на 60 години

34

Еден од најбараните криминалци во Мексико и водач на озлогласен нарко картел, Хозе Антонио Јепез, попознат како Ел Маро, е осуден на 60 години затвор, соопштија синоќа од државното обвинителство.

Ел Маро е обвинет за организирање кражба на гориво и поттикнување на нагло зголемување на насилството во централната држава Гуанахуато, пренесува Торонто Сан.

Од канцеларијата на државниот обвинител во Гуанахуато преку Твитер објавија дека регионалниот суд „него и неговите соучесници и извршители ги прогласи за виновни за злосторства за киднапирање“.

Тој беше уапсен во 2020 година, во голем удар врз мафијата и мексиканските картели, од страна на претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Ел Маро беше шеф на картелот Санта Роса де Лима со седиште во Гуанахуато, кој во последните години води интензивна крвава војна со картелот Нова генерација Халиско, еден од најмоќните и најкрвавите криминални кланови во Мексико.