Веќе извесно време кружат гласини дека војвотката од Сасекс и војвотката од Кембриџ не се поднесуваат.

Во јавноста протече вест дека принцот Хари и дал на својата сопруга некои совети во врска со нејзините лоши односи со јатрвата Кејт.

Многумина сметаат дека до несогласувања доаѓа затоа што Меган Маркл и Кејт Мидлтон многу се разликуваат. На пример, Меган е поотворена, а бидејќи е холивудска актерка сфаќа колку е битен односот со медиумите и не бега од фотографирање. За разлика од неа, војвотката од Кембриџ е резервирана и се обидува да ги одбегне камерите кога станува збор за нејзиниот секојдневен живот.

Освен нивните различни карактери, и нивното различно потекло доведува до тоа да кружат гласини за нивни меѓусебни жестоки вербални пресметки.

Така се појавија приказни дека Меган ја довела Кејт до солзи за време на нејзината свадба како и за време на крштевката на малечкиот Арчи. Исто така, се слушна дека Кејт ја критикувала Меган поради начинот на кој разговарала со поранешниот персонал.

Ни нивните сопрузи, принцовите Хари и Вилијам, наводно повеќе не се во добри односи. Некои веруваат дека тоа е така затоа што Хари и Меган се иселија од Кенсингтонската палата, направија сопствена канцеларија за врски со медиумите, но и ја напуштија заедничката добротворна организација која Хари ја започна со постариот брат Вилијам.

Хари ја поддржува својата сопруга, но ја советува со промените на кралските норми да оди пополека. Нејзе, пак, и е тешко затоа што медиумите во Британија се злобни кон неа.

ПОВЕЌЕ:

Кралски јатрви благороднички се игнорираат

Меган Маркл ќе биде колумнистка на „Вог“