Британските кралски снаи Меган Маркл и Кејт Мидлтон изминатите неколку дена често можеа да се видат на трибините на централниот терен во Вимблдон.

Денеска ги прескокнаа мечевите на тенискиот Грем слем, поради традиционален поло натпревар.

Имено, Кејт и Меган им беа поддршка на нивните сопрузи, принцовите Вилијам и Хари.

Војвотките Кејт и Меган на поло натпреварот беа во друштво на децата и љубезно меѓусебно се игнорираа.