„Кралски“ интерес за Нагелсман

82

Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека клупските челници на актуелниот шампион, тимот на Реал (М), пред неколку дена оствариле контакт со предводникот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман. Младиот германски стручњак е дефиниран како идеално решение за тренерската функција затоа што актуелниот предводник на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан сигурно ќе си замине од Мадрид на крајот од актуелната сезона.