Големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш, Борусија од Дортмунд, Јусуфа Моукоко, е најновата желба на раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Младинскиот репрезентативец на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а преговорите околу новиот договор се во прекин затоа што двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу платата. Освен Реал (М), интерес за неговите услуги покажуваат уште Баерн (М), ПСЖ и Манчестер Јунајтед.