Кралски дрес за Канте

64

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Реал (М) во следните неколку недели ќе испратат и официјална понуда за францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Н’Голо Канте. Челниците на лондонските „сини“ се сфесни дека ова е последната шанса за да заработат големо обештетување на искусниот играч за врска и затоа се расположени да седнат на преговарачката маса. Од продажбата на Канте, Челзи очекува заработка не помала од 90 мил. евра.